Барселона или Реал Мадрид? Еве кој тим ќе ја освои Ла Лига според суперкомпјутерот на ОПТА

Како и секој почеток на сезона, ОПТА ги објави своите предвидувања за Ла Лига, почнувајќи од тимот кој ќе биде крунисан за шампион, до тимовите кои ќе се квалификуваат во Европските купови и оние кои ќе завршат во Втората дивизија.
Според ОПТА, Барселона ќе продолжи да биде шампион на Шпанија и за новата сезона. Каталонците се рангирани на прво место со 45% шанси, Реал Мадрид е на второ место со 31% шанси. Атлетико Мадрид е рангиран на трето место со само 8%.
Со верување дека Шпанија ќе испрати пет тимови и оваа нова сезона во Лигата на шампионите, ОПТА предвидува дека тоа ќе бидат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Виљареал и Бетис, кои ќе се квалификуваат за ова натпреварување.
Нешто изненадувачко предвидување е рангирањето на Рајо Ваљекано и Валенсија во зоната на Лига Европа. Додека трите тима што се најмногу загрозени да завршат во Втората дивизија се: Депортиво Ла Коруња, Елче и Севиља.



