SportM
Фудбал

Барселона најде нов голман за 3 милиони евра, кој ќе дојде следното лето

SPORTM.mk19 авг 2026
Барселона најде нов голман за 3 милиони евра, кој ќе дојде следното лето

Барселона веќе има определено наследник на Војчех Шчесни, чиј договор истекува во јуни 2027 година. Според Спорт, Барселона постигна заеднички јазик со Фенербахче за трансферот на хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ, за 3 милиони евра плус бонусите.

Според извештајот, Барселона ќе го заклучи трансферот на Ливаковиќ ова лето, а Хрватот ќе биде позајмен на Динамо Загреб или некаде на друго место.

Во меѓувреме, Фабрицио Романо ја потврдува договорот меѓу страните со единствена промена што според него Ливаковиќ ќе продолжи да остане во Фенербахче и за оваа сезона, но како позајмен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.