Барселона прегазена на “Стемфорд Бриџ”, Манчестер Сити дома изненаден од Леверкузен (ВИДЕО)
E R25 ное 2025

Фантастична партија на Челзи кој на домашен терен ја прегази Барселона со 3:0. Кунде со автогол го отвори резултатот во 27-ма минута, Естевао со прекрасен гол зголеми на 2:0 во 55-та, а во 73-та Делап погоди за конечни 3:0. Вреди да се напомене дека Араухо во 44-та заработи втор жолт и исклучување.
На второто дерби Манчестер Сити изненаден дома од Леверкузен кој славеше со 0:2. Грималдо и Шик беа стрелци на головите.
Резултати ЛШ/Вторник
Ајакс – Бенфика 0:2
Галатасарај – Ројал Унион 0:1
Бодо/Глимт – Јувентус 2:3
Борусија Дортмунд – Виљареал 4:0
Челзи – Барселона 3:0
Манчестер Сити – Баер Леверкузен 0:2
Марсеј – Њукасл 2:1
Наполи – Карабах 2:0
Славија Прага – Атлетик Билбао 0:0
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



