Барселона во финишот го одбила напаѓачот вреден 75 милиони евра и го избрала Габриел Жезус
SPORTM.mk3 сеп 2026

Сега кога трансфер периодот заврши, Мундо Депортиво откри сензационална позадина поврзана со Барселона. Според извештајот, Ник Волтемајде и се понудил на Барселона, но добил директно одбивање од каталонскиот клуб.
Во оваа ситуација, напаѓачот кој минатото лето се пресели во Њукасл за 75 милиони евра, одлучи да оди во Јувентус на последниот ден од трансфер периодот. Од друга страна, Барселона го официјализираше Габриел Жезус.
Причината за одбивањето на трансферот на Волтемајде е поврзана со фактот дека Габриел Жезус подобро се вклопува во системот на Ханси Флик. Друга причина е и вредноста на играчите. За Габриел Жезус, Барселона плати 15 милиони евра.
Додека трансферот на Волтемајде би чинел многу повеќе.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



