Белгија и Египет ремизираа
Редакција15 јун 2026

Првиот натпревар од групата Г одигран вечерва во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел.
Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми преку Омар Мармуш на почетокот на вториот дел. Само што влезе во игра Ромелу Лукаку, Белгија изедначи. Тоа беше автогол на Мохамед Хани во 66.минута.
Во вториот дуел од групата Г ноќеска играат Иран и Нов Зеланд во Лос Анџелес.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



