SportM
Фудбал

Белингам суспендиран!

E R19 фев 2025
Белингам суспендиран!

Фото: tv21m

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем е суспендиран на два натпревара поради директниот црвен картон што го доби во 24. коло од Примера против Осасуна (1:1).

Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) го казни Англичанецот поради навреди упатени кон судијата Мунуера Монтеро.

Фудбалерот ќе ги пропушти натпреварите против Жирона (23 февруари) и Бетис (2 март).

Реал Мадрид планира да поднесе жалба на одлуката на RFEF до Комитетот за жалби.

Самиот Белингем по натпреварот со Осасуна изјави дека не го навредил судијата и не му кажал ништо лошо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.