Белингам во Борусија Дортмунд за 30 милиони евра!
E R3 јун 2025

Фото: tv21m
Фудбалерот од средниот ред на Сандерленд, Џоб Белингем, одлучи кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд, објави „Билд“.
Според новинарот на „Sky Sport“, Патрик Бергер, трансферната сума ќе биде околу 30 милиони евра.
Деветнаесетгодишниот Џоб е помлад брат на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, кој играше за Борусија од 2020 до 2023 година, по што се пресели во тимот од Мадрид за 113 милиони евра.
Во сезоната 2024/25, Џоб одигра 43 натпревари за Сандерленд во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции и му помогна на тимот да стигне до Премиер лигата.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



