Connect with us

Фудбал

Белингем ја освои ЛШ па го замоли Мурињо: Може ли да се фотографираш со мојата мајка (ВИДЕО)

Џуд Белингам со Реал Мадрид го освои првиот пехар во ЛШ откако синоќа славеа против Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето во Лондон. А, таму на стадионот имаше голем број познати личности од светот на фудбалот. Еден од нив беше легендарниот Жозе Мурињо. По мечот, Белингам му пријде и го замоли да се фотографира со неговата мајка која била голем фан на Португалецот. Секако, тој џентламенски прифати, а потоа му рече на Белингам: Е, сега дојди во Фенербахче!

Се разбира ова беше на шега, а како што е познато Мурињо ќе биде новиот тренер на турскиот гигант.