SportM
Фудбал

Белингем се враќа и тоа не е единствената добра вест

Д М16 сеп 2024
Белингем се враќа и тоа не е единствената добра вест

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем се опорави од повредата и се враќа во тимот.

Оваа вест на конференцијата ја потврди и Карло Анчелоти, но неговото враќање не е единствената добра вест, бидејќи по полесна повреда се враќа и Чуамени.

Двајцата се очекува да заземат место во стартниот состав на премиерата од новата сезона во Лигата на шампионите.

Она што најмногу сакаат да го слушнат навивачите на Реал е дека средниот ред ќе го сочинуваат ударното трио Чуамени, Валверде и Белингем, а нападот – Винисиус, Родриго и Мбапе.

Нека се подготви Штутгарт во вторник од 21:00 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.