Бензема завршува со Саудиска Арабија и е на пат кон враќање во Европа
SPORTM.mk20 авг 2026

По три сезони во Саудиска Арабија, Карим Бензема е на пат за изненадувачко враќање во Европа. Последната авантура во Ал-Хилал, каде што се пресели за време на зимскиот преоден рок, не оди добро за францускиот напаѓач, бидејќи има и конфликт со тренерот Симоне Инѕаги.
Турските медиуми соопштуваат дека Карим Бензема е во конкретни преговори со Трабзонспор, клуб кој е многу активен на овој пазар, каде најголемата аквизиција досега е трансферот на Мохамед Салах.
Засега не се познати сумите на можниот трансфер и другите економски детали, но враќањето на Бензема во Европа е многу веројатна опција ова лето.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



