SportM
Фудбал

Бернардо Силва: Кога ме побара Реал Мадрид, не се двоумев ниту миг

SPORTM.mk4 авг 2026
Бернардо Силва: Кога ме побара Реал Мадрид, не се двоумев ниту миг

Бернардо Силва официјално ја започна својата нова авантура во Реал Мадрид. По кариера исполнета со успеси, особено со дресот на Манчестер Сити, португалскиот играч од средниот ред реши да отвори ново поглавје со летниот трансфер во „Лос Бланкос“, иако во последните години често беше поврзуван и со Барселона.

31-годишниот играч ја одржа својата прва тренинг-сесија под водство на Жозе Мурињо и на денот на дебито во Валдебебас зборуваше за неговите емоции во интервју за „Марка“: „Кога Реал Мадрид ме контактираше, беше невозможно да кажам не. Не размислував ни секунда за позитивен одговор“.

Португалецот зборуваше за магијата на мадридскиот клуб: „Откако ќе го предизвикате Реал Мадрид многупати како противник, сфаќате колку е специјално да сте тука и колку е впечатлив ‘Сантијаго Бернабеу’ како стадион“.

Тој ја истакна и блискоста со родното место како важен фактор: „Да бидам близу до моите луѓе, блиску до Португалија и во земја со многу слична култура е дефинитивно предност“.

На крај додаде: „Да ја остварам сонот да играм со тоа што го сметам за најголемиот клуб во историјата на фудбалот е извонредна привилегија. Еден збор кој најдобро го опишува Реал Мадрид? ТРОФЕЈ.

Мурињо? Бевме противници неколкупати… и сега сме на иста страна. Многу сум среќен, затоа што тој е тренер кој многу значи за португалскиот фудбал. Многу сум среќен што ќе го започнам овој пат и ќе учам од него“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.