Фудбал
Билд објави скандал: Вработен во Фудбалскиот сојуз на Албанија сексуално злоставувал 18 годишна девојка во хотелот каде била сместена репрезентацијата на ЕУРО 2024
Неименуван надзорник во албанската репрезентација кој има 26 години е осомничен дека сексуално злоставувал млада девојка (18) во тоалетот во хотелот каде бил сместен националниот тим за време на Европското првенство. По нападот на 23 јуни во 19 часот и 30 минути вработен во хотелот за спортско училиште „Кајсерау“ во Камен повикал полиција, додека јавното обвинителство во Дортмунд ја потврди истрагата.
Младата девојка им кажала на полициските инспектори во градот Уна дека осомничениот ја турнал во кујната, ја бакнувал и сексуално ја злоставувал. Иако јавниот обвинител бил веднаш известен за пријавеното сексуално дело, осомниченоиот слободно ја напуштил Германија веќе следниот ден откако Албанија била елиминирана во групната фаза од натпреварувањето.
„Бидејќи не постои непосредно сомневање, барањето за апсење не е поднесено. Според германските закони, силувачот може да очекува најмалку две години затвор“, изјави портпаролката на обвинителството.
Како што пишува Билд, засега е нејасно како ќе продолжи истрагата поради комплицираното барање за правна помош. Сега треба да се разјасни прашањето за вината. Наводниот сторител не е ниту играч ниту висок функционер, а откако се дозна за инцидентот, обвинетиот веднаш бил суспендиран од Фудбалскиот сојуз на Албанија.
За ова известија и неколку медиуми во Албанија