SportM
Фудбал

Битола под полициска “опсада” поради дербито Пелистер-Вардар

Ј П3 ное 2024
Битола под полициска “опсада” поради дербито Пелистер-Вардар

Фото: tv21m

Блокирани улици и стотина полициски служвеници распределени се и задолжени за мир на вечерашниот фудбалски натпревар ПелистерВардар.

Натпреварот е прв кој ќе се одигра под рефлектори на стадионот под Тумбе кафе, откако беше изградена и трибината, со што се исполнија и условите за гостински навивачи.

Чкембари и Комити се веќе на стадионот, а градот е во очекување на фудбалскиот спектакл. Денеска во Битола исто како да беше празник. Градот живееше во зелено-бела боја.

Иако и двете екипи се на дното од табелата во ПМФЛ натпреварот тоа не го прави ни помалку неинтересен.

Почетокот е закажан за половина час, односно од 19 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.