SportM
Фудбал

Бизарно прашање на прес-конференцијата на Барселона: Јамал не дошол на натпреварот од ЛШ бидејќи играл GTA6?! (ВИДЕО)

Редакција25 ное 2026
Бизарно прашање на прес-конференцијата на Барселона: Јамал не дошол на натпреварот од ЛШ бидејќи играл GTA6?! (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, во Баку заврши на необичен начин, откако новинар го праша дали Ламин Јамал го пропуштил патувањето во Азербејџан затоа што дома игра GTA.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

Прашањето било поставено во вторникот, во моментот кога Де Јонг веќе станал и тргнал да ја напушти салата, пренесува „Ројтерс“.

На видеоснимката се гледа како новинарот на англиски јазик двапати го повторува прашањето:

„Дали е вистина дека Ламин Јамал не дојде затоа што игра GTA? Не? Ламин Јамал не дојде затоа што дома игра GTA.“

Холандскиот репрезентативец изгледал збунето и без да даде одговор ја напуштил салата.

Барселона во понеделникот потврди дека Јамал поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Сабах, кој се игра во среда во Баку.

Деветнаесетгодишниот напаѓач беше во почетниот состав на сите 17 натпревари на Барселона оваа сезона, а во клубот очекуваат тој да биде подготвен за викендот и натпреварот од Ла Лига против Депортиво од Ла Коруња.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, на прес-конференцијата пред натпреварот изјави дека тимот знае како да игра без Јамал.

„Игравме и претходно без Ламин, така што мислам дека знаеме што треба да правиме. Но, Ламин е многу важен играч за нас. Вчера наутро го прегледавме и одлучивме дека е подобро да остане дома. Се надеваме дека сè ќе помине добро и дека ќе биде подготвен за викендот“, изјави Флик.

Покрај Јамал, против Сабах нема да настапат ниту Чави Еспарт и Руни Бардџи, додека Пау Кубарси би можел да се врати во тимот.

Барселона се наоѓа на шестото место на табелата во Лигата на шампионите, со три победи и еден пораз.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.