Connect with us

Фудбал

Блокирана сметка и очајна финансиска ситуација, згаснува еден од најголемите македонски клубови!

Фудбалскиот клуб Победа, некогашна гордост на Прилеп, згаснува. Имено, како што самиот клуб соопшти, поради блокирана сметка, катастрофалната финансиска состојба, сениорскиот тим се откажува од понатамошното учество во Втората македонска фудбалска лига. Имено, Победа пред извесно време доби нов акционерски сопственик, кој не вложил ништо, но подоцна Советот на општината изгласал помош од еден милион евра, пари кои не биле исплатени поради одржувањето на локалните избори, а кои и до ден денеска не се исплатени. Поради тоа овој клуб нема да се натпреварува повеќе.

Клубот е формиран во 1941 година. Најпрво го носел името „Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“. Во поранешната СФРЈ седум пати бил првак на Македонија и тоа во сезоните: 1952/53, 1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига.

Од осамостојувањето на Македонија се натпреварувал во најквалитетното друштво и секогаш бил на самиот врв, а ги има освоено и шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот Куп во сезоната 2001/02.

Поради местењето натпревар со ерменски ФК Пјуник, Победа била казнета од УЕФА и ФФМ и била отстранета од Првата лига.