SportM
Фудбал

“Бомба“ од Островото, еден од најбогатите луѓе на светот станува сопственик на Ливерпул?!

Редакција10 авг 2026
“Бомба“ од Островото, еден од најбогатите луѓе на светот станува сопственик на Ливерпул?!

Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственикот на Амазон, наскоро би требало да стане еден од сопствениците на Ливерпул, англискиот фудбалски гигант, објави денеска „Скај Спортс“.

Гласините за тоа започнаа пред неколку недели, но денеска „Скај Спортс“ објавува ексклузивна информација дека договорот за купување на третина од сопственичкиот удел во Ливерпул е пред реализација.


Безос ќе купи третина од акциите на Ливерпул заедно со коосновачот на Фејсбук, Едуардо Саверин, а мнозинскиот сопственик на клубот од „Енфилд“, „Фенвеј Спортс Груп“ (FSG), ќе ја потврди трансакцијата уште оваа недела.

Главниот сопственик на „Црвените“, Џон В. Хенри, во 2023 година потврди дека клубот бара надворешни инвестиции, а подоцна истата година беше постигнат договор со глобалната спортска инвестициска компанија „Dynasty Equity“ за вложување во износ меѓу 100 и 200 милиони долари.

Тоа претставува удел меѓу 1,9 и 3,8 проценти, додека се верува дека „RedBird Capital Partners“ поседува удел од 11 проценти.

Групата на Безос, која сака да преземе 33 проценти од акциите, ја предводи Амит Батија, син на индискиот тајкун во челичната индустрија, Лакшми Митал.

Богатството на Безос, според проценките на „Форбс“, изнесува приближно 230 милијарди евра, додека за Саверин се тврди дека „тежи“ околу 30 милијарди евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.