SportM
Фудбал

“Бомба“ од Шпанија: Иднината на Мурињо под знак прашалник, Флорентино Перес пикирал негова замена

SPORTM.mk19 окт 2026
“Бомба“ од Шпанија: Иднината на Мурињо под знак прашалник, Флорентино Перес пикирал негова замена

Иднината на Жозе Мурињо како тренер на Реал Мадрид може да зависи од резултатите во наредните недели, особено од ‘Ел Класико’. Вести од Шпанија сугерираат неочекуван развој на настаните: според радио MARCA, претседателот Флорентино Перес веќе разгледува алтернативен план во случај тимот да не ги исполни очекувањата.

Истиот извор наведува дека Дидие Дешан, кој неодамна го заврши својот долг мандат како селектор на француската репрезентација по Светското првенство 2026, е меѓу кандидатите што се разгледуваат доколку стане потребна промена во раководството. Тој е една од најуспешните фигури во историјата на францускиот фудбал.

Реал Мадрид извојува убедлива победа со 4-1 во неделата против Севиља, што ги зајакнува позициите на португалскиот тренер, но „кралевите“ се 6 бода зад Барселона во табелата на Ла Лига. Затоа, натпреварот меѓу нив претстојниот викенд би можел да влијае на судбината на Мурињо, иако е тешко да се очекува промена на клупата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.