Босна се распадна во последните 15 минути, но има шанси за следна рунда, Канада го „наполни“ Катар (ВИДЕО)

Селекцијата на Босна и Херцеговина доживеа убедлив пораз од Швајцарија со 4:1 во второто коло од СП. Босанците добро се држеа до 74 минута, дури на моменти беа подобар противник, но по голот на Манзамби во 74-та минута, и црвениот картон на Мухаремовиќ во 80-та минута се тргна надолу. Во 84-та минута примија уште еден гол, стрелец беше Варгас, потоа во 90-тата уште еден преку Манзамби, а Џака од пенал во 97-ма ги постави конечните 4:1. Во меѓувреме младиот Махмиќ постигна прекрасен гол во 93тата минута за резулат 3:1. Босна се уште има шанси за следната рунда, бидејќи според правилата, освен две првопласирани селекции од групите, натпреварите ги продолжуваат и осумте најдобро третопласирани репрезентации, но секако ќе мора во последното коло да го совлада Катар и да ги чека резултатите од другите мечеви.
Канада е веќе во следната рунда, без разлика на исходот во последното коло со Швајцарија. Победата од 6:0 против Катар и носи прво место со четири бодови, колку што има и Швајцарија, а со оглед на тоа дека две селекции одат понатаму, може уште сега да се каже дека Канада го обезбеди пласманот во следната рунда.



