SportM
Кошарка

Бостон прв финалист на Истокот

Редакција28 мај 2024
Бостон прв финалист на Истокот

Тимот на Бостон ноќеска ја победи Индијана со 105:102 на гостински терен во четвртиот натпревар од полуфиналната серија на НБА плејофот.

Ова беше четврта победа на исто толку натпревари за Селтикс во конференциското финале на Источната конференција по што обезбедија учество во големото финале.

Најефикасен играч во победничката екипа, водно и на натпреварот  беше Џејлен Браун, кој постигна 29 поени.

Противник на Бостон селтикс ќе биде победникот од двојката Далас – Минесота (3:0 по третиот меч од серијата).

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.