Кошарка
Браќата Дамјан и Војдан Стојановски и следната сезона ќе „летаат“ со „Штрковите“
Браќата Дамјан и Војдан Стојановски ги продолжија договорите со МЗТ Скопје. За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула, сите освоени со нашиот МЗТ. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на тимот од Аеродром, откако првпат се приклучи на почетокот од 2022 година.
Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на клупска политика за формирање тим предводен пред се од квалитетни македонски кошаркари. Договор со МЗТ имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.