Браќата Ѓоргиеви и Лафтов ја засилуваат Струмица за настапите во Купот на ЦЕВ
Редакција3 окт 2024

Репрезентативната тројка од Струмица-браќата Никола и Ѓорги Ѓорѓиеви и Александар Љафтов ќе ја засилат екипата на ОК „Струмица“ за настапите во Купот на ЦЕВ.
Имено, по испаѓањето од Лигата на шампионите по двата порази од грчкиот шампион Олимпиjакос, веќе во вторник избраниците на Кире Ричлиев на домашен терен го пречекуваат унгарскиот Фино Капошвар, а реваншот е седум денови подоцна во Унгарија.
Според тренерот Ричлиев со овие три силни засилувања Струмица покажува големи апетити за подолготрајно учество во европските клупски натпреварувања.
Покрај браќата Ѓорѓиеви и Љафтов за Струмица настапуваат и репрезнтативците Стојан Илиев, Филип Маџунков и Дарко Ангеловски.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



