Фудбал
„Брат со брат, Албанец со Хрват“: Љубовта и пријателството се проширија низ Хамбург во пресрет на натпреварот
Денеска во Хамбург со почеток од 15:00 часот се игра евро-натпреварот од групата Б помеѓу Хрватска и Албанија, а пред натпреварот владее исклучително пријателска атмосфера меѓу навивачите на тие селекции. И додека претходните денови бевме сведоци на некои немили сцени од улиците на германските градови пред евро-игрите, пред дуелот меѓу Хрватска и Албанија, љубовта и пријателството се проширија низ Хамбург. Хрватите и Албанците од вчера пеат заедно по улиците и кафулињата и едвај чекаат да започне денешниот натпревар. Најмногу внимание привлече натписот на маичката „Брат со брат, Албанец со Хрват“ што ја носеше еден од албанските навивачи.