Бразилскиот талент со петгодишен договор со Сити: Најгордиот момент во мојот живот

Манчестер Сити потпиша договор со играчот на Палмеирас, Алан, во зделка вредна до 34 милиони фунти (почетна цена од 32 милиони фунти, со 2 милиони фунти во бонуси).
22-годишниот играч се приклучува на клубот со петгодишен договор, кој ќе го задржи во клубот до летото 2031 година. „Ова е нереален момент за мене. Манчестер Сити, со сè што има освоено во последните 15 години, е еден од најпривлечните клубови во светот за играчите“, изјави Алан.
Понатаму, Бразилецот додаде: „Да можам да седнам тука денес и да кажам дека сум им се приклучил, е најгордиот момент во мојот живот. Го сакам Палмеирас и секогаш ќе го сакам, но одлуката да дојдам во Сити беше лесна“.
„Сакам да бидам најдобар фудбалер што можам да бидам и разговорите што ги имав со луѓето во Сити досега ме уверија дека нема подобро место за мене за да ги исполнувам моите амбиции“, рече Алан.
„Сакам да им ветам на навивачите на Манчестер Сити дека ќе дадам апсолутно сè за да ја искористам оваа можност максимално“, коментира Бразилецот.



