SportM
Фудбал

Бремер цели кон врвот: Сакам да бидам запаметен во историјата на Јувентус

SPORTM.mk16 сеп 2026
Бремер цели кон врвот: Сакам да бидам запаметен во историјата на Јувентус

Глеисон Бремер зборуваше пред дебито на Јувентус во „Лига Европа“ против НЕК, за официјалната страница на УЕФА: „Многу одбранбени играчи направија историја тука, оставајќи траги дури и на генерациско ниво. Мислам особено на Гаетано Ширеа, еден легендарен одбранбен играч за овој клуб и репрезентацијата.

Секако, за мене би било многу тешко да се споредувам со нив, бидејќи притисокот е голем, но се надевам дека ќе успеам да ја оставам својата трага. Невозможно е да се направат споредби, но сакам да ја оставам својата ознака и секогаш ќе се дадам сѐ од себе на теренот, за да бидам запаметен во историјата на овој клуб“.

За себе, бразилецот истакна: „Јас сум многу агресивен одбранбен играч. Ја користам физичката сила, брзината, и способен сум и за игра во воздух. Ова се некои од моите главни карактеристики, но работам и на други аспекти каде можам да се подобрам“.

За Спалети рече: „Тој е тренер на многу високо ниво и ни помага секој ден да ги оствариме целите. ‘Лига Европа’ е престижно натпреварување. Сакаме да отидеме што подалеку и, ако стигнеме до крајот, можеби ќе можеме да го освоиме“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.