Connect with us

Кошарка

Брилијантниот Дончиќ „полуде“ на крајот од мечот и го доведе Далас до водство во финалето на Западот

Кошаркарите на Далас поведоа во полуфиналната серија од НБА плеј-офот откако утринава во Таргет Центарот ја совладаа екипата на Минесота Тимбервулвс со резултат 108:105. Минесота подобро го отвори натпреварот, имаше мала предност, но Далас не се предаде и го одржуваше изедначено до полувремето кое заврши со резултат 62:59 за домашните. Далас продолжи да игра нешто подобро и во вториот дел, а пред последната четвртина Минесота сепак имаше предност, иако со еден поен.

Во последната четвртина Маверикс одиграа најдобро до сега, а особено расположен беше Лука Дончиќ кој во тој дел од натпреварот постигна дури 15 поени. На крајот по многу драма и пресврти победата им припадна на гостите. Инаку, Дончиќ беше најдобар кај Далас со вкупно 33 поени, а помош имаше и од Ирвинг кој додаде 30. Кај Минесота најдобар беше МекДаниелс со 24 поени. Вториот натпревар од финалната серија на Западната конференција на НБА, повторно во Минеаполис, ќе се одигра во петок навечер (14:30 часот).