Бууум, извлечени паровите, супер пресметка помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, ова се останатите двојки!

Фото: tv21m
На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
The knockout phase play-offs are set ✅#UCLdraw pic.twitter.com/9KWMSgQWoD
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) January 31, 2025
Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули – Реал Мадрид. Другиот натпревар кој ќе привече внимание е оној меѓу актуелниот лидер во Бундеслигата – Баерн Минхен и повеќекратниот шампион на Шкотска – Селтик.
На некои тимови не им требаше плеј-офот за да ја минат првата рунда од борбата за европската круна, па директен пласман во Топ 16 веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер, Лил и Астон Вила.
Двојки за плејофот за осминафиналето:
Клуб Бриж – Аталанта
Спортинг – Борусија Дортмунд
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Феенорд – Милан
Брест – Пари Сен Жермен
Монако – Бенфика
Распоред за нокаут фазата:
Плејоф: 11-12. и 18-19. февруари 2025 година
Осминафинале: 4-5. и 11-12. март 2025 година
Четвртфинале: 8-9. и 15-16. април 2025 година
Полуфинале: 29-30. април и 6-7. мај 2025 година
Финале: 31 мај 2025 година во Минхен.



