Фудбал
Чави Пасквал е новиот тренер на Веспрем
Чави Пасквал од денеска е новиот тренер на Веспрем, откако унгарскиот ракометен гигант официјално ја објави соработката со трофејниот шпански стратег. Пасквал, кој во последниот месец интензивно се споменуваше како главен фаворит за оваа позиција, го напушти кормилото на Динамо Букурешт и се пресели во Унгарија.
Со потпишување на договор на четири години, Веспрем јасно покажува дека има долгорочни планови со Пасквал на чело на тимот. Во својата тренерска кариера, Пасквал ги постигна најголемите успеси со Барселона, каде од 2009 до 2021 година освои три трофеи во Лигата на Шампионите, пет во Супер-глоуб и 11 титули во шпанското првенство.
„За мене е голема чест што имам можност да го водам Веспрем во наредните сезони. Секој вљубеник во ракометот знае дека Веспрем е еден од најголемите клубови во светот. Свесен сум што значи да сум тренер на оваа екипа, функција што носи огромна одговорност и очекувања. Сакам да се заблагодарам на челниците на Динамо Букурешт за досегашната соработка, а на Веспрем за довербата што ми ја укажаа,“ изјави Пасквал.
Оваа официјализација на големиот тренерски трансфер го означува почетокот на нова ера за Веспрем под водство на Пасквал, со надеж за нови успеси и титули.