Чави: Сакав да останам во Барселона, но ми рекоа не може
Редакција27 мај 2024

Тренерот на Барселона Чави го сподели своето мислење за неговото заминување од клубот.
– Сакав да останам, но ми рекоа дека не можам. Изгледа уште од првиот ден се што кажав предизвика земјотрес. Навистина не знам зошто, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Чави.
На 24 мај Барселона објави дека 44-годишниот Чави ќе ја напушти функцијата. Се очекува неговото место да го заземе германскиот специјалист Ханс Флик.
Каталонците го освоија второто место во шпанското првенство со 85 бодови. Заостатокот од Реал Мадрид беше 10 бода.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



