Чеферин добил покачување, еве колкава плата зима како прв човек на УЕФА!
E R4 апр 2025

Фото: tv21m
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави финансискиот извештај за сезоната 2023/2024, во кој е вклучена и платата на нејзиниот претседател, Александар Чеферин.
Поранешниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС) доби покачување и со тоа инкасира годишна плата од 3,4 милиони евра (бруто износ).
Чеферин доби и значителна сума за извршување на потпретседателската функција во Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), поточно 270.000 евра. Словенецот е на чело на УЕФА од септември 2016 година, кога во својата кандидатура го победи ривалот Михаел ван Праг од Холандија. Последниот мандат Чеферин го доби во април 2023 година, а ќе трае до 2027 година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



