Фудбал
Чеферин: Ги контролираме сите сојузи, вклучително и македонскиот, но Масар одлично си ја врши работата!
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, беше во официјална посета на ФФМ, каде имаше средба со претседателот на федерацијата Мсар Омерагиќ. Во интервју објавено на веб страната на ФФМ, Чеферин зборуваше за неколку работи кои се случиле во неговиот мандат како прв човек на УЕФА. Од ВАР, до мечевите во време на Корона кризата, Лигата на нации и слично. Но зборуваше и конкретно за ФФМ и македонскиот фудбал. Вели ги контролираат сите федерации, вклучително и ФФМ, а ја пофали работата на Омерагиќ.
-Масар одлично си ја врши работата. Ние навистина ги контролираме сите сојузи, а македонскиот сојуз, откако е Масар таму, е еден од примерите за посветено работење и веќе се гледаат разликите. Секој пат кога ќе дојдам, сè е поинаку. Можеби сум малку субјективен бидејќи ми е пријател, но објективно, како претседател на УЕФА, сум презадоволен. Никогаш не би го кажал тоа јавно ако не го мислам, бидејќи тоа може да ми се врати. Му честитам на него и на целиот тим. Мило ми е што ги доближи сите поранешни фудбалери до Сојузот, бидејќи во многу други земји постои љубомора кон нив, а тој ги обедини и климата е одлична, вели првиот човек на УЕФА.
Целото интервју на ФФМ.