SportM
Фудбал

Челси размислува за јануари, 100 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид

SPORTM.mk3 сеп 2026
Челси размислува за јануари, 100 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид

Заминувањето на Енцо Фернандез во последниот ден од трансфер пазарот кон Манчестер Сити, го остави Челси како „риба без вода“ во средниот ред, па лондонскиот клуб ќе се обиде да го пополни овој празен простор во текот на јануарскиот трансфер прозорец.

Шпанските медиуми известуваат дека Чаби Алонсо го избрал Пабло Бариос како идеално засилување за средниот ред, за да го замени Енцо Фернандез. 23-годишникот има договор со „Колчонерос“ до 2030 година и има клаузула за ослободување од 500 милиони евра.

Сепак, во Челси се оптимисти дека со понуда од 100 милиони евра ситуацијата може да се промени. Пабло Бариос е главната цел на Лондончаните за јануарскиот трансфер пазар, развивањата за која изгледа започнале веќе сега.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.