Челзи се ослободува вишокот играчи, за напаѓач кој постигнал само три голови, ќе добие 50 милиони евра!

Нотингем Форест се согласи за рекордна зделка од 50 милиони евра (45 милиони основа плус 5 милиони во бонуси и додатоци) за да го ангажираат напаѓачот Лијам Делап од Челзи.
Напаѓачот е планиран да ги изврши медицинските прегледи во наредните часови пред да го потпише договорот. 23-годишниот постигна само 3 гола во вкупно 47 натпревари со „сините“.
Друг напаѓач кој ќе ги напушти лондончаните е Николас Џексон, кој е во преговори за трансфер во Астон Вила. Според „Телеграф“, Вила покажала подготвеност да му понуди на Челси 65 милиони евра за напаѓачот.
Исто така Мамаду Сар е подготвен да се приклучи на Реал Сосиедад на едногодишна позајмица од Челси. Страните не се согласија за трајна продажба, туку за позајмица.
Се очекува да биде редовен стартер таму и да игра како во Ла Лига така и во Лига Европа. Сар е така еден од неколкуте играчи кои се очекува да заминат од Челси пред последниот рок.



