SportM
Фудбал

Ческ Фабрегас го испрати итното барање по победата против Наполи

SPORTM.mk1 сеп 2026
Ческ Фабрегас го испрати итното барање по победата против Наполи

Тимот на Комо предводен од Цеск Фабрегас ја забележа првата победа за оваа нова сезона, совладувајќи го Наполи со 1-2 на гостински терен. По завршувањето на натпреварот,  Фабрегас упати важно барање до раководството на клубот.

Шпанскиот тренер бара засилувања во нападот, за да може да се справи со потребите на сезоната, имајќи предвид дека Комо настапува на три фронта: Шампионат, Куп и најмногу во Лигата на шампионите.

“Секако, очекувам напаѓач, Дуовикас не може да игра во Серија А, Купот на Италија и во Лигата на шампионите, и не можеме да се натпреваруваме на три турнири само со еден напаѓач. Премногу страдавме со (Алваро) Мората минатата година, месеци беа надвор поради повреда. Се сеќавате дека често игравме со лажна деветка; да се игра секои три дена на ова ниво не е лесно”, рече Фабрегас.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.