SportM
Фудбал

Чувствувам дека мојот труд не се вреднува доволно-Трајковски се повлече од националниот дрес

E R30 мар 2026
Чувствувам дека мојот труд не се вреднува доволно-Трајковски се повлече од националниот дрес

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски се повлече од националниот дрес. Ова доаѓа откако на мечот со Данска целиот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи. Во објава на социјалните мрежи, како причина го наведе тоа дека во изминатиот период неговиот труд не се вреднувал доволно.

-Имаше и тешки моменти, порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти едно нешто не се промени, љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја, напиша Трајковски, притоа додавајќи:

-Сепак, во изминатиот период чусвствувам дека мојот труд и залагање не беа доволно вреднувани, порача тој.



 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.