Да веруваме на ФИФА или на сопствените очи? Трибините полупразни, а тие велат дека стадионот бил речиси исполнет (ФОТО)

Фудбалерите на Јужна Кореја по пресврт ја совладаа Чешка со резултат 2:1 во првото коло од групата А на Светското првенство, а посебно внимание привлече состојбата на трибините.
Пред почетокот на Светското првенство, бројни навивачи ширум светот се жалеа дека билетите за натпреварите се прескапи, а дека тоа навистина е така потврди и сцената од натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка.
The stadium looks empty for the South Korea vs Czechia game 🤔
FIFA MAFIA. pic.twitter.com/6ARImgcTaR
— 𝐟𝐞𝐝𝐞𝐯𝐚𝐥𝐯 (@heis_fede) June 12, 2026
Официјалниот капацитет на стадионот Акрон Стадион во Запопан изнесува 48.000 седечки места, а ФИФА во својот официјален извештај наведе дека натпреварот го следеле 44.985 гледачи, односно дека стадионот бил речиси исполнет до последното место.

Сепак, гледачите кои натпреварот го следеа преку телевизиските екрани, како и фотографиите направени од фоторепортерите на стадионот, зборуваат сосема спротивно.
Иако натпреварот се играше во ударниот термин од 20 часот по локално време, стадионот беше речиси полупразен, а не требаше долго време фотографиите од трибините на тој натпревар да се прошират на социјалните мрежи.
Поврзано
Поврзани вести

СП 2026: По 21 ден во карантин и подготовки во Европа, фудбалерите на оваа африканса земја конечно добија дозвола за влез во САД

Мурињо дојде, но со него и португалскиот виртуоз со топка, Реал доби одлично засилување (ВИДЕО)

