SportM
Фудбал

Дали дербито на денот во Англија воопшто ќе се одигра? Снимките од Ливерпул не се оптимистички (ВИДЕО)

E R5 јан 2025
Дали дербито на денот во Англија воопшто ќе се одигра? Снимките од Ливерпул не се оптимистички (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Дербито на денот во Англија би требало да го одиграат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но дали натпреварот ќе започне во 17:30 часот е голем знак прашалник.

Историски гледано, дербито помеѓу Јунајтед и Ливерпул е најголемиот натпревар во Англија.

Сепак, ако ја погледнеме табелата, денешниот дуел не е дерби. Ливерпул е прв со пет бода повеќе и два натпревари помалку од второпласираниот Арсенал, додека Јунајтед е само на 14. место и во серија од три порази.

Сепак, средбата од 20. коло од англиската Премиер лига на „Енфилд“ е под знак прашалник поради големото невреме во северниот дел на Англија.

Имено, снегот го окова Ливерпул, а доколку улиците не се расчистат навреме за навивачите безбедно да стигнат до стадионот, натпреварот ќе биде откажан.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.