Connect with us

Фудбал

Дали веќе се познати првите полуфиналисти во Лигата на шампионите? Само чудо може да ги спаси домаќините вечерва

Лигата на шампионите влезе во самиот финиш, а вечерва ќе ги дознаеме првите полуфиналисти откако ќе се одиграат реванш натпреварите закажани во Бирмингем и Дортмунд.

Веќе се откриваат имињата на првите полуфиналисти и се освен рутинскиот пласман на Барселона и Пари Сен Жермен во следната фаза од натпреварувањето ќе биде целосна сензација. Барселона го доби првиот натпревар на домашен терен со убедливи 4-0 против Борусија Дортмунд и не би требало да има проблеми да ја одбрани таа победа вечерва. Иако домашниот терен на Борусија е голема предност во споредба со многу други клубови, четири гола заостануваат против разгорената Барселона изгледаат повеќе од доволни за да се заврши приказната.

Нешто повеќе шанси би требало да има Астон Вила која го пречекува ПСЖ, но и брка негатива од два гола. ПСЖ победи на домашен терен со резултат 3:1. Вила игра брилијантно во Англија во последно време и ќе направи се вечерва за да ја надополни негативата од два гола. Нема да биде лесно, но раниот гол може да промени сè на овој натпревар. Тренерот Унаи Емери викендов ги одмораше клучните ѕвезди и со поддршка од навивачите на Вила Парк се е можно. Сепак, нешто ќе се прашуваат и скапите ѕвезди на ПСЖ.

Од 21 часот ќе се играат двата натпревара од четвртфиналето во Лигата на шампионите. со директни ТВ преноси на каналите Арена Спорт. За потсетување, утре се играат уште два четвртфинални натпревари, а се среќаваат Интер – Баерн (2:1) и Реал Мадрид – Арсенал (0:3).