SportM
Фудбал

Дани Алвеш прв пат снимен по излегувањето од затвор, го носеше дресот на фудбалскиот великан (ВИДЕО)

Редакција12 сеп 2024
Дани Алвеш прв пат снимен по излегувањето од затвор, го носеше дресот на фудбалскиот великан  (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш извесно време е на условен отпуст откако плати еден милион евра за да излезе од затворот во Барселона, а сега за прв пат е снимен на фудбалски терен.

Откако помина 14 месеци во затвор во Барселона поради сексуален напад, Дани Алвеш беше пуштен на условна слобода на 25 март и оттогаш се обидува да се врати на нормалните животни активности. За прв пат по ослободувањето, тој беше забележан во неговото „природно живеалиште“ – фудбалското игралиште.

Имено, Алвеш играше фудбал рекреативно во Барселона, а тоа го правеше преку специјална апликација која се користи за пронаоѓање играчи и противници без да се знае идентитетот на другите. Алвеш се појави во дресот на Бока Јуниорс, а очекувано набрзо го препознаа многу присутни, по што настана видеото. Инаку, Бразилецот никогаш официјално не ја завршил кариерата, но јасно е дека завршил со играњето фудбал на највисоко ниво. Последната работа му беше во мексиканскиот УНАМ, а претходно играше за Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баија. Тој остави најдлабока трага во Барселона со 408 настапи, а со 43 освоени трофеи во текот на кариерата е меѓу најтрофејните фудбалери на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил има 126 настапи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.