Давид Бабунски потпиша за Вардар
E R1 сеп 2025

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски потпиша вечерва договор со Вардар, кој за него ќе биде прв клуб од домашното првенство во кариерата.
Триесетиедногодишниот Давид Бабунски доаѓа во Вардар, откако минатата сезона беше дел од шкотскиот прволигаш Данди јунајтед, каде ја носеше и капитенската лента.
Најновото засилување на Вардар потекнува од младинската академија на Барселона, по што настапуваше за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани, Виторул, Дебрецен и Мезоковешд.
За македонската репрезентација досега настапи на 18 натпревари.
Претходно денеска, најтрофејниот македонски фудбалски клуб ги засили своите редови со репрезентативците на Уганда, Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



