Фудбал
Де Брујн слета во Италија, следува потпис! (ВИДЕО)
Белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујн (33) слета во Италија за да потпише договор и да стане нов играч на Наполи, остварувајќи го сонот на навивачите на италијанскиот шампион. Договорот на Де Брујн со Манчестер Сити, каде што тој се приклучи пред 10 години од Волфсбург во трансфер вреден 76 милиони евра, истекува на 1 јули. Сепак, оваа година имаше расправија меѓу Сити и Де Брујн, што Наполи го искористи и ќе го доведе брилијантниот Белгиец како слободен агент без обештетување.