SportM
Фудбал

Де Јонг ќе отсуствува 5-6 месеци, Барселона најде идеална замена за Холанѓанецот

SPORTM.mk3 авг 2026
Де Јонг ќе отсуствува 5-6 месеци, Барселона најде идеална замена за Холанѓанецот

Бидејќи Френки де Јонг се очекува да остане надвор од теренот најмалку 5-6 месеци, Барселона е принудена да интервенира во трансфер пазарот за да најде достојна замена за Холанѓанецот.

Мундо Депортиво открива дека целта на Барселона е Азедин Унахи, мароканскиот играч од средниот ред на Жирона, кој и претходно бил споменуван за можен трансфер кај каталонците.

Откупната клаузула на Унахи од Жирона е 25 милиони евра, но по испаѓањето на клубот во Сегунда дивизија, се вели дека 26-годишниот играч за врска е достапен за околу 10 милиони евра. Сума која нема да ја оптовари финансиската состојба на каталонскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.