SportM
Фудбал

Де ла Фуенте: Шпанец, светски шампион, треба да ја освои „Златната топка“

SPORTM.mk10 сеп 2026
Де ла Фуенте: Шпанец, светски шампион, треба да ја освои „Златната топка“

Луис де ла Фуенте, тренерот на Шпанија, верува дека оваа година „Златната топка“ треба да заврши во рацете на шпански фудбалер. „Секогаш ја поддржувам домашната продукција, шпанската марка. Ние сме во светскиот елит за во однос на формирање, перформанси и квалитет. И, првото што ми доаѓа на ум, ми недостига Микел Ојарсабал во листата на кандидати. Тој што требаше да ги напише имињата му падна листата на земја и не го вклучи“, – рече со хумор Де ла Фуенте.

Шпанскиот тренер го спомена и Ламине Јамал: „Мислам дека тој може да ја освои ‘Златната топка’, затоа што е Шпанец и исклучителен фудбалер. Ако не се случи оваа година, ќе се случи во иднина. Не верувам дека ќе се одложи многу“.

За повлекувањето на Маркос Љоренте од репрезентацијата, тој изрази „апсолутна почит и признание“, а за талентите Карлос Еспи и Чави Еспарт рече дека „во иднина сигурно ќе бидат дел од неа“, но без да се брза. На крај, Де ла Фуенте ја повтори желбата финалето на Светското првенство 2030 да се игра во Шпанија: „Би ми било мило да ја водам Шпанија на тоа финале“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.