Деклан Рајс: Кога останавме со 10 играчи, постојано гледавме на часовникот, дадовме сè за овој дрес

Деклан Рајс, англискиот играч од средниот ред, зборуваше за медиумите по победата од 3-2 против Шпанија во Лигата на нации, со што го прекина налетот на Иберците по 43 последователни позитивни резултати: „Знаевме дека можеме да ги победиме. Бевме уверени дека ќе ја завршиме мисијата до крај вчера“.
„По натпреварот против Хрватска, пораката на тренерот беше многу позитивна. Целта на целата група, работејќи како еден тим, не беше само да се повлечеме назад и да чекаме противнапади, туку да го наметнеме нашиoт стил на игра“, изјави Рајс.
„Црвениот картон ја промени текот на играта. Искрено, можевме да постигнеме уште неколку голови. Ако не останавме со десет играчи, подобро ќе го контролиравме поседот на топката, ќе најдевме повеќе простори и ќе создадовме повеќе шанси“, додаде Рајс.
„Да се игра со десет играчи половина час против Шпанија и да се победи со 3-2 е извонреден резултат. Таков е фудбалот. Благодарение на нашата издржливост и напорите во одбраната успеавме да го задржиме високиот интензитет“, нагласи англискиот играч од средниот ред.
Тој признава дека момците постојано гледаа на часовникот: „Успеавме да го задржиме високиот интензитет, давајќи сè за овој дрес, за овој тим, за соиграчите и за тренерот. Ова е извонредна победа“.



