SportM
Фудбал

Дембеле: Денес сум позрел, сакам да бидам ефикасен. Ова го научив од Меси

SPORTM.mk24 сеп 2026
Дембеле: Денес сум позрел, сакам да бидам ефикасен. Ова го научив од Меси

По освојувањето на „Златната топка“ во 2025 година, Усман Дембеле има за цел да остане на врвот на светскиот фудбал. Во интервју за Би-Би-Си, францускиот напаѓач на ПСЖ, заедно со соиграчот Квича Кварацхелија, зборуваше за неговата промена низ годините.

„Менталитетот“, рече Дембеле, идентификувајќи го тоа како главен елемент на неговата еволуција. „Со текот на годините, на 28-годишна возраст, стануваш многу позрел. Не сум веќе истиот играч што бев на 20 години, во Борусија Дортмунд. Растеш, се подобруваш и се трудиш да бидеш поефикасен во сѐ што правиш на теренот. Најважно е да му помогнеш на тимот“.

Французинот ја истакна и периодот во Барселона и искуството покрај Лионел Меси: „Кога си 20 години, сакаш да правиш „тонели“, дриблинзи и да го слушаш ентузијазмот на публиката. Тоа е нормално. Потоа, со текот на времето, се стремиш кон ефикасност. Во Барса играв со најдобрите во светот. Бев со Лионел Меси и видов дека секој негов потег имаше цел. Многу научив од него“.

За уште една „Златна топка“, Дембеле додаде: „Тоа би било голема гордост, но ќе видиме што ќе се случи“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.