SportM
Фудбал

Денес во Барселона, но некогаш беше многу блиску до Реал Мадрид. Трансферот пропадна поради пасошот

SPORTM.mk1 сеп 2026
Денес во Барселона, но некогаш беше многу блиску до Реал Мадрид. Трансферот пропадна поради пасошот

Габриел Жесус ќе замине од Арсенал и ќе се пресели во Барселона. Бразилскиот напаѓач ја реализира својата голема желба да игра во Ла Лига.

Во 2022 година, кога реши да си замине од Манчестер Сити, Габриел Жесус беше многу блиску до трансфер во Реал Мадрид. Карло Анчелоти многу го сакаше бразилскиот напаѓач и даде „ок“ за неговиот трансфер.

Сепак, тоа не се случи бидејќи Реал Мадрид ги имаше искористено сите места резервирани за играчи од надвор од Европската Унија. Винисиус Жуниор, Родриго и Едер Милитао ги пополнија тие три неевропски места и сите тројца сѐ уште чекаа за шпанските пасоши. Ова не остави место за регистрација на Габриел Жесус, кој на крај реши да се пресели во Арсенал.

Трансфер кој некогаш беше откажан поради пасош кај Реал Мадрид, сега изгледа дека ќе се реализира официјално, но со друга дестинација, Барселона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.