Деркоски последен во групата на 400 метри, но со најдобар личен резултат
Редакција24 јул 2021

Филип Деркоски го одработи својот настап во дисциплината 400 метри слободно и беше дел од првата група натпреварувачи со по четири пливачи.
Македонскиот олимпиец го имаше најслабото време од сите пливачи на 400 метри, но сепак постигна лично најдобро време.
Деркоски за секунда беше подобар од претходниот резултат (4.04), за сега да исплива за 4.03.34, со што тој освои 739 ФИНА бодови, што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



