Дешан го одби Манчестер Јунајтед, Керик се подготвува за натпреварот со Астон Вила

Многумина очекуваа дека на клупата на Манчестер Јунајтед ќе биде нов тренер оваа недела, пред паузата на првенството поради репрезентативни обврски. Но, на ‘Олд Трафорд’ останува Мајкл Керик, кој во средата славеше против Рома во Лигата на шампионите.
Британските медиуми потврдија дека еден од кандидатите за клупата на ‘црвените ѓаволи’ беше Дидие Дешан, кој е без тим откако ја напушти француската репрезентација. Но, францускиот тренер одби да ја преземе екипата, оставајќи го Керик на чело.
Покрај интензивните шпекулации околу неговата иднина по европското триумфирање, Керик остана фокусиран само на следните предизвици.
“Немам кристална топка за да знам што ќе се случи понатаму. Се подготвуваме за следниот натпревар оваа недела. Имаме навистина важен натпревар тука против Астон Вила, за кој треба добро да се подготвиме“, рече Керик.



