SportM
Фудбал

Џенова го пречекува Јувентус пред празни трибини поради нереди

Д М27 сеп 2024
Џенова го пречекува Јувентус пред празни трибини поради нереди

Фото: Mg Genova 25/09/2024 – Coppa Italia / Genoa-Sampdoria / foto Matteo Gribaudi/Image nella foto: tifosi Genoa PUBLICATIONxNOTxINxITA

Натпреварот од шестото коло во Серија А помеѓу Џенова и Јувентус ќе се одигра во сабота пред празните трибини на стадионот „Луиџи Ферарис“.

По препорака на Опсерваторијата за спортски настани, која ги надгледува безбедносните прашања, градските власти донеле ваква одлука поради масовна тепачка на навивачите, пренесува АНСА повикувајќи се на добро упатени извори.

„Навивачите“ на Џенова и Сампдорија се судрија на мостот, ги нападнаа и припадниците на безбедносните сили , а тоа беше увертира за осминафиналниот меч од Купот на Италија минатата среда, во кој учесникот во Серија Б славеше на пенали. . Во тие немири беа повредени 41 полицаец.

Речиси сигурно е дека истата одлука ќе биде применета и за следниот натпревар на Сампдорија, која следниот петок го пречекува Јуве Стабиa во седмото коло од Серија Б.

Натпреварот помеѓу Џенова и Јувентус ќе го суди Андреа Коломбо.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.