SportM
Фудбал

Џон Стоунс е најновиот играч на Интер. ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

SPORTM.mk30 јул 2026
Џон Стоунс е најновиот играч на Интер. ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Интер штотуку го официјализираше трансферот на Џон Стоунс. Англичанецот заврши како слободен играч на крајот од минатата сезона, откако му заврши договорот со Манчестер Сити и немаше разговори за ново продолжување.

Стоунс заминува по 10 сезони во Манчестер Сити и се трансферира како слободен играч во Интер. 32-годишниот потпиша на две години со црно-сините и ќе има плата од 4 милиони евра по сезона.

За Стоунс имаше извонреден интерес како од ривалите на Манчестер Сити во Премиер лигата, така и од трите најголеми клуба во Серија А. На крај, централниот дефанзивец го избра Интер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.