SportM
Фудбал

Џорџо Кјелини и животот во Јувентус: Никогаш не помислив на заминување, имав голема среќа што…

SPORTM.mk18 ное 2026
Џорџо Кјелини и животот во Јувентус: Никогаш не помислив на заминување, имав голема среќа што…

Поранешниот капитен на Јувентус, Џорџо Џорџо Кјелини, денес раководител во црно-белиот клуб, го раскажа своето 17-годишно патешествие во Торино, среде тешкотии и извонредни успеси:

„Стигнав во 2004 година, поминав една сезона на заем и во 2005-2006 веднаш ја освоивме шампионската титула со Јувентус. Сѐ изгледаше лесно, но потоа 6 години не освоивме ништо. Имавме и добри резултати, но завршивме двапати последователно на седмото место. Можете да си го замислите притисокот во најтрофејниот клуб на Италија.

Потоа започнавме серија од 9 последователни титули. Имав среќа што бев во тој клуб во тој период и што останав таму 17 години по ред. Тоа не е само прашање на верност, туку чувство дека си дел од семејство.

Во некои тешки моменти добивав понуди, но имав толку среќа играјќи за Јувентус, што не можев да се одделам. Би ми било драго патувањето и запознавањето на нови култури, но мојот живот беше таму.

Збогувањето беше многу тешко. Решив да се повлечам додека сѐ уште играв на високо ниво, учествувајќи во околу 50-60 проценти од натпреварите. Чувствував дека е дојдено времето да си заминам“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.